X
 29.06.2018 Образование

Стипендии за упис во прва година - УКЛО со поддршка за најдобрите

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола секоја година обезбедува стипендии за најдобро рангираните студенти запишани првпат во првата студиска година на единиците во негов состав. И во новата академска 2018/2019 година, според Конкурсот за упис, на секоја единица на Универзитетот, од сите студиски програми заедно, најдобро рангираните студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за првата година на студии. Воедно, според Конкурсот на УКЛО: на прв циклус, додипломски студии, единиците на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - Битола нема да наплаќаат партиципација за студенти без родители, лица со попреченост, воени инвалиди и лица растени во домови за деца без родители.
 
На овој начин УКЛО ја продолжува политиката на стимулирање на кандидатите и презема активности за перманентна поддршка на студентскиот активизам. Така, за најдобро дипломираните студенти УКЛО, покрај пофалници, доделува и вредносни ваучери и распишува награден Конкурс за најдобар истражувачки труд и есеј, при што најдобрите трудови и есеи се наградуваат и парично.

1

Во рамките на поддршката на студентите, на УКЛО се организира натпревар во ораторство - УКЛО Тривиум, како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за аргументирано и структурирано изразување, во насока на поуспешна презентација и унапредување на културата на јавно говорење.
Во новата академска година УКЛО најавува внесување и на нови содржини во досегашната практика на Универзитетот поврзана со поддршка на студентите, со што ќе се создаде нов квалитет во универзитетското дејствување и студентското живеење.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование