X
 29.06.2021 Живот

Хрватите во очај: „Му давам 130 евра на оној кој ќе ми најде келнер“

И покрај пандемијата, поради која многу луѓе се вратија во Хрватска, земјата се соочува со недостаток на работници во туризмот, градежништвото итн.

- Му давам 130 евра на оној што ќе ми најде келнер - вели еден очаен угостител од Пула, кој, иако сезоната веќе почна и во градот има туристи, бара обучени келнери кои ќе работата во текот на летото.

Без келнери останал едно утро, бидејќи едноставно, по бурната ноќ, не се појавиле на работа. А нови е тешко да се најдат, па чека работници од Србија кои сè уште ги решаваат проблемите со документите.

Иако многумина очекуваа дека поради коронавирусот, домашни работници ќе има на претек затоа што многумина се вратија од работа во странство, па работодавците ќе ја искористат ситуацијата намалувајќи ги нивните права, се случи спротивното. Како и во пресрет на пандемијата во 2019 година, така и оваа година на пазарот на трудот има недостиг од домашна работна сила, пишува „Дојче веле“.

Од почетокот на годината до 16 јуни, Министерството за внатрешни работи на Хрватска издало 31.157 дозволи за престој и работа за државјани на трети земји, што е за 13 отсто повеќе од минатата година во истиот период. Само за туризам и угостителство се издадени 4.191 дозвола.

rabota
Фото: Freepik

- Иако некои работници се вратија во Хрватска поради пандемијата, сепак има забележителен недостиг на работна сила во некои индустрии, особено во туризмот и угостителството, градежништвото, а има и недостаток на занаетчии како електричари и бравари. Од март 2020 година до крајот на мај оваа година, јавните власти исплатија повеќе од 1 милијарда евра за повеќе од 680.000 работници преку мерки за поддршка на работните места.

Иако во Хрватска доаѓаат луѓе од Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, и од нив има сè помалку затоа што попрофитабилно им е и ним и на Хрватите да одат да работат во поразвиените западноевропски земји.

Извор: Deutsche Wellе
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот