X
 29.07.2022 Живот

Ѕирнете во оваа прекрасна живописна, ултра-модерна куќа изградена на планина

Лиза Трантер и Мет Хобс сакале да имаат поголема независност и да живеат на поодржлив начин. Тоа ги инспирирало да изградат мала куќа во близина на Сините Планини, западно од Сиднеј, Австралија.

Куќата од 22 метри квадратни има впечатливи црни надворешни ѕидови, голема тераса со тенда, целосно опремена кујна и простор за живеење распореден на два спрата. Куќата е широка 2 метри, 9 метри долга и 4 метри висока.

1
Фото: The Tailored Tiny Co.

Трантер вели дека со години обожава мали куќи.

- Долго време бев фасцинирана од нив, ги следев на различни страници на социјалните мрежи - вели таа.

Хобс пак сакал да изгради куќа од бродски контејнери, па некое време барал земјиште. Откако го нашле земјиштето, Лиза го убедила да изградат малечка куќа.

2
Фото: The Tailored Tiny Co.

Парот сам ја дизајнирал и изградил голем дел од куќата.

- Ги изградивме рамката и внатрешноста, но електричар работеше на електричната енергија, затоа што беше комплицирано - вели Лиза додавајќи дека Хобс, кој е сопственик на компанија за реновирање бањи и кујни, ја дизајнирал и направил нивната бања.

3
Фото: The Tailored Tiny Co.

- Нашите трошоци за сметки се ниски. Заштедуваме многу затоа што не трошиме многу и не купуваме непотребни работи - вели таа, додавајќи дека тоа е делумно поради изолацијата и апартите што штедат енергија и вода.

Двојката вели дека иако можат да се замислат како го живеат животот во оваа малечка куќа, сепак имало работи за кои велат дека е прилично тешко затоа што нема простор.

4
Фото: The Tailored Tiny Co.

- Често си пречиме кога готвиме. И мораме почесто да чистиме бидејќи во спротивно куќата изгледа уште помала - вели Лиза.

Освен тоа, собите се отворени и не можете само да ја затворите вратата ако другата личност е гласна.

5

Лиза смета дека малите куќи не се само минлив тренд.

- Ако трошоците за живот продолжат да растат, тогаш минималистичкиот начин на живот е најдобрата опција што ја имаат луѓето - вели таа.

6
Фото: The Tailored Tiny Co.

Извор: Business Insider
Фото: The Tailored Tiny Co.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот