X
 29.07.2022 Образование

На 13 години е примена на трет факултет, а била и најмладата практикантка во НАСА

Повеќето 13-годишни девојчиња седат во училишните клупи, но Алена Аналеј Викер се подготвува за своите студентски денови. Оваа тинејџерка била примена на студии по медицина на Универзитетот во Алабама по само една година откако го завршила средното училиште. Освен тоа, ова ќе ѝ биде трет факултет.

- Толку напорно работев да ги постигнам моите цели. Мамо, успеав! - напишала Алена на својот профил на „Инстаграм“, каде што ја следат десетици илјади луѓе.

Алена вели дека е како и сите други 13-годишни девојчиња, иако студира и на уште два универзитети. Таа студира природни науки на Државниот универзитет во Аризона и на универзитетот „Оуквуд“.

- Знам многу добро да го организирам моето време и многу сум дисциплинирана - открива таа.



Во мај на Алена ѝ било понудено место на медицинскиот факултет при Универзитетот во Алабама за 2024 година. Алена е дури 10 години помлада од просечните бруцоши на факултет, но според неа, никогаш не сте премлади за да го правите тоа што го сакате.

Нејзината мајка открила дека Алена не е како другите деца, се издвојувала уште кога имала 3 години. Уште во петто одделение Алена почнала да следи напредни курсеви од средно училиште бидејќи задачите од училиште ѝ биле лесни.

Освен академското образование, Алена реди успеси и во работата. Минатата година таа стана најмладата практикантка на НАСА.



Извор: Studomat
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование