X
 29.08.2019 Живот

Детето сака да прави опасни работи и има силни тантруми. Како да реагирам?

Син ми има 1 година и 9 месеци. Беше мирно дете со кое секогаш со компромис ги решававме проблемите и ситуациите, но се смени. Пред еден месец, две недели по ред го чуваа роднини (кај нив дома), а инаку го чуваат баба и дедо, дома кај нас. Оттогаш се смени. Не велам дека е од таа ситуација, но сметам дека придонесе за ваквото однесување со тантруми. Сега никако да фатам чекор со него, некаде се разидуваме. Дел од работите што сака да ги прави се во ред, но нели не може по цел ден со истото. На пример, сака да игра со ринглата на шпоретот, а таа е топла, или сака да го меша јадењето додека се готви, па ми е страв дека може да се изгори. Има желба да игра во тоалет, не сака да го пресоблекувам, сака да седи на мијалникот и да игра со садовите и со вода итн. Откако ќе му објаснам, тој е упорен и плаче, се треска, вреска... Ако дојде некој на гости и сака да игра со неговите играчки, тој плаче и вреска. Која е границата на дозволеното, каде да се сопре, што да се допушти, а што не... Овие прашања ми се постојано в глава, а никако да најдам одговор иако барам, читам... Како да реагирам на тантрумите, што да се прави, а и зошто се случуваат, како да се допре до него барем да ги намалиме?
Она што исто така сакам да го напоменам е дека детето сака да игра, но постојано бара некој од нас, јас или маж ми да сме со него.

Ова е прашање на читателка на Деца.мк, кое го одговара психологот Ивана Маринчек.

Одговорот прочитајте го на овој ЛИНК.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот