X
 29.08.2021 Живот

Три фази во само една минута: Што точно се случува со нашето тело кога сме под стрес?

Живееме во стресни времиња, а велат дека токму стресот е причина за многу болести. За да можеме да го контролираме стресот, треба да разбереме што се случува во нашето тело, вели Мајкл Ј. Портер, предавач по Молекуларна генетика на Универзитетот во Ланкашир.

Тој исто така вели дека стресот не мора секогаш да биде лош. Стресот нѐ прави побрзи, посилни, поагилни, а нашиот мозок работи подобро и се сеќава на детали. Затоа некои луѓе се подготвени да влезат во стресни работни ситуации или да учествуваат во екстремни спортови. Проблемот е стресот што е надвор од контрола: може да нѐ замрзне в место, а се чини дека мозокот претстанува да работи и стануваме неспособни да размислуваме.

Ова, на пример, може да им се случи на луѓе кои имаат трема поради јавните настапи. Голем проблем е хроночниот стрес и тој е опасен за здравјето. Станува збор за вид на стрес со кој треба да се бориме со сета сила: длабоко дишење, медитација, размислување во моментот, а не насочување кон минатото и иднината.

Што се случува со телото кога сме под стрес?

Кога се случува стресна ситуација, нашето тело влегува во „вонредна состојба“, како некој да го притиснал копчето „турбо“. Вo нашиот организам сѐ забрзува, на некој начин стануваме „суперчовек“. Стануваме исклучително будни, способни да реагираме брзо.

Мозокот забрзано работи, се зголемува меморијата и сме во состојба да се сетиме на секој детаљ од она што го гледаме, слушаме или чувствуваме. Тогаш ни се чини дека времето застанало, како, на пример, по сообраќајна несреќа. Во телото, поточно во дел на малиот мозок што го нарекуваме хипоталамус, се активира цела серија хормони стимулирани со ослободување на CHR-хормонот.

Ова резултира со брзо дишење, зголемен крвен притисок и отчукувања на срцето. Крвта се движи од другите делови на телото кон мускулите, што резултира со поголема сила и издржливост.

Работата на имунолошкиот систем се забрзува, а крвта се подгтовува за згрутчување - во случај да бидеме повредени.

Мозокот почнува да работи сѐ подобро и подобро - се храни со повисоки дози на гликоза и кислород.

stres
Фото: Freepik

Ако трае предолго, доаѓа до исцрпеност

Во стресни ситуации нашето тело работи пребрзо како мотор кој ако работи со тоа темпо предолго, ќе прегрее и ќе изгори.

Физиолошките промени, вклучувајќи висок крвен притисок, повисоко ниво на гликоза во крвта и намален апетит, краткорочно се важни за прилагодување, што обично предизвикува мала штета.

Како да се ослободите од акумулираниот стрес?

Тишината има корисен ефект врз состојбата на стрес. Иако не ги слушаме постојаните звуци затоа што сме навикнати на нив, тие негативно влијаат врз нашите мозочни клетки, кои никогаш не можат да одморат поради овие дразби.

Научниците велат дека седењето во тишина има корисен ефект врз луѓето и ја поправа штетата предизвикана од премногу звуци. Кога настапува тишината, мозокот се смирува, а потоа се чувствуваме смирени и спокојни.

Тишината нѐ смирува и забавува, а со самото тоа ни дава можност да се ослободиме од насобраниот стрес.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот