X
 29.09.2019 Наука

Никогаш не сме живееле во ваков вид атмосфера на Земјата

Ние, луѓето, официјално стапнуваме на неистражена територија. Во приближно 2,5 милиона години нашиот вид никогаш не живеел во ваков вид атмосфера на Земјата.

Новите истражувања на античката почва сега потврдија дека нивото на јаглероден диоксид во изминатите 60 години е највисокото што некогаш сме го искусиле во целата историја на човештвото.

Во изминатите 60 години наодите покажуваат дека нашата планета првпат достигнала 415 ппм во 2,5 милиони години.

- Според ова истражување, од првиот хомо еректус, кој датира пред 2,1 до 1,8 милион години, до 1965 година, човекот живеел во средина со ниско ниво на јаглероден диоксид - вели геонаучникот Јиге Занг од Тексас А&M Универзитетот.

atmosfera
Фото:Unsplash

- Оваа средина со високо ниво на јаглероден диоксид не само што е експеримент за климата и природната средина, туку е и експеримент за самите нас. За да сфатиме каде одиме, прво треба да знаеме каде сме биле. Проучувањето на климатските услови во минатото може да ни помогне да обезбедиме одредена перспектива и да навигираме во неизвесната иднина, вели Занг.

Бидејќи заробуваат мали меури на воздухот, ледените јадра често се користени од климатските научници како евиденција за историските нивоа на СО2 во атмосферата на нашата планета. Но, овие примероци се стари стотици илјади години, а не милиони.

За да нурне подлабоко во историјата на земјата, Занг и неговите колеги се насочиле кон почвата. Како природен дел од јаглеродниот циклус на Земјата, кога се формира, почвата создава карбонати, а овие ситни траги може да бидат корисни како индикатори за претходните клими.

Анализирајќи ги карбонатите во фосилните почви од платото Лоес во Кина, екипата успеала да ги реконструира СО2 нивоата од пред милиони години.

- Најраната идентификувана прашина на платото е пред 22 милиони години - вели Занг.

Резултатите од платото се совпаѓаат со другите процени. Сепак, Занг и неговиот тим не се задоволни. Тие планираат да ги рафинираат нивните техники за анализа на почвата за да ги подобрат нивните процени, потенцијално користејќи ја техниката врз почви стари 23 милиони години.

- Минатото е клучот за нашата иднина. Земјата има долга историја и многу работи се промениле. Палеоклимата е важна за нас за да научиме за минатото и можеби да ја предвидиме иднината - вели Занг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука