X
 29.09.2022 Живот

Успешни бизнис-приказни од Бреинстер алумни-заедницата

Некои од поранешните студенти од академиите на Бреинстер, кој годинава го слави својот 7. роденден, се охрабрија и отворија сопствени компании или вештините со кои се здобија ги употребуваат за уште поголем развој на своите фирми и организации.

Алумни-заедницата на Бреинстер (Brainster), една од најуспешните EdТech организации во Македонија, може да се пофали со одлични резултати во секое поле. Нови работни места и кариерни предизвици, вработувања во домашни и странски компании, но и отворање свои бизниси… Некои од нив се охрабрија и отворија сопствени компании или вештините со кои се здобија ги употребуваат за уште поголем развој на своите фирми и организации.

Ова се петте успешни алумни-приказни со кои Бреинстер се гордее!

Стефан Радивојевиќ, основач и генерален менаџер на Emanu


Стефан Радивојевиќ е алумни од Академијата за дигитален маркетинг и основач и генерален менаџер на агенцијата Emanu. Тој ни раскажа дека првиот чекор кон дигиталниот свет му бил случаен, кога посакал да се унапреди и сам да ги изработува дизајните на визит-картите, менијата и летоците. Но, иако знаел доволно за графички дизајн, сепак, немал доволно познавања од дигиталниот маркетинг. По мало истражување за организациите што нудат ваков вид образование, најмногу го привлекла Академијата за дигитален маркетинг на Бреинстер.

- Од оваа перспектива, запишувањето на оваа академија би ја ставил во топ-3 најбитни чекори што сум ги направил и вродиле со многу плод, па ги охрабрувам сите што сѐ уште размислуваат, да се охрабрат и да го направат - вели тој.


Стефан Радивојевиќ

Стефан додава дека најинтересното е што се запишал на академијата за да се унапреди во претходната професија, меѓутоа, пасијата и љубовта на професорите кон она што го работат го натерале да го засака дигиталниот маркетинг и целосно да ја смени професијата и да навлезе во дигиталниот свет.
Логичен чекор по наученото, според него, бил да отвори своја компанија. Emanu е дигитална агенција со локација во САД, која се занимава со креирање висококвалитетни веб-страници за мали и средни претпријатија во САД и во Канада, и нудење маркетинг-услуги кои би им помогнале на компаниите во нивниот раст.

- Emanu за мене претставува една преубава авантура која со задоволство ја живеам. Идејата се роди сосема случајно додека сѐ уште работев како маркетинг-истражувач во една компанија во Скопје. Би му се заблагодарил најмногу на мојот тетин, партнер, пријател и инвеститор кој веруваше во мојата идеја и ми помогна во нејзиното остварување бидејќи без него сето ова ќе останеше само една неостварена идеја - вели Стефан.

И името на компанијата има особено значење за него.

- Во сосема случаен разговор со еден од монасите во Бигорскиот манастир и по благослов на мојот духовник, владиката Партениј, името одлучив да биде Emanu, кое потекнува од зборот Емануил што значи „Со нас е Бог“, како една мала благодарност кон Бога за работите во мојот живот.

Мисијата и визијата на Emanu е многу повеќе од нудење веб-дизајн и маркетинг-услуги. Стефан објаснува дека на клиентите им нудат целосна дигитализација на нивната компанија.
- Се грижиме буквално за секој детал: од длабинско истражување на нивната таргет-група, нивната конкуренција, потенцијалот на пазарот, креирање на нивните онлајн основи, брендинг на компанијата… Додека внатре во компанијата владее култура во која гледаме егото да го тргнеме настрана и секој да ужива во својот дел, да го работи она што го сака најдобро што може, и на сите да ни дозволи да го постигнеме својот потенцијал - вели тој.

Emanu денеска, по 8 месеци, е стартап-компанија која брои 10-ина вработени, а следен голем предизвик им е влегувањето во сосема нова област - внатрешен дизајн.

Ирена Јовановска ја покажува креативноста во Амстердам


И Ирена Јовановска е успешна алумни на Академијата за дигитален маркетинг. Таа во моментов живее во Амстердам, каде што ја отворила компанијата „Ирена Мила“, посветена на дигитален маркетинг и фотографија.
Ирена вели дека досега работела во неколку области од F&B: тим-лидер во „nhow Amsterdam“, фотограф и менаџер на социјални медиуми, но решила да се фокусира на дигиталниот маркетинг, што било причината да се запише на академија во Бреинстер.


Ирена Јовановска

- Морам да признам дека тоа беше најдобрата одлука што сум си ја донела за себе во последно време. Привилегија е да можеш да работиш со мотивирани едукатори како Дарјан, Марко, Давид, Ива, Дарко, кои ќе ти ги натераат мозочето и креативноста да се разбудат, а воедно да навлезеш во целиот систем и стратегија, каде што ќе се изненадиш себеси дека си способен да направиш маркетинг-план или да станеш суперистражувач на теми кои не си знаел дека постојат. Она што Брeинстер го нуди, освен несебичното знаење на менторите, се и навиките што ги градиш. Знаеш дека три дена во неделата треба да си пред твојот компјутер и почнуваш со учење. Исто така, работата на реалните проекти и хакатони е одличен начин да ја доживееш вистинската страна на дигиталниот маркетинг - вели таа.

Додека живееше во Скопје, Ирена имаше бизнис заедно со Елена Фиданска, исто така алумни на Бреинстер. Компанијата WillYou претежно била фокусирана на фотографирање свадби и настани. По преселбата во Амстердам, се решила да отвори компанија посветена на дигитален маркетинг и фотографија. Во фаза на изработка е професионалната веб-страница, но работните задачи одат со забрзано темпо.

- Понекогаш треба да си свој во креативниот свет за да те забележат. Јас успеав да бидам забележана со тоа што успеав да ја раскажам приказната на различни луѓе преку емоции и едноставност. Без разлика кои се тие. Затоа некако успеав да се вклопам и во Queer светот, кој морам да кажам дека е многу интересен, во бизнис-светот, но и во граѓанскиот сектор. И тоа ми е целта преку storytelling, емоции и едноставност да се допре до многу теми, без разлика дали е маркетинг-стратегија или фотосесија.

Андреј Рудовски, основач на SkyBlueMedia


Андреј Рудовски е уште една успешна Бреинстер приказна и алумни на Академијата за дигитален маркетинг. Тој е коосновач на компанијата SkyBlueMedia и SEO специјалист.
И за него одлуката да се запише на академија во Бреинстер била една од најдобрите што можел да ја донесе.

- Бреинстер е заслужен за голем дел од мојот досегашен успех. Програмата, искуството стекнато низ сите проекти, познанствата стекнати таму, придонесоа за успехот, а воедно беа и причините поради кои се запишав. Важно да се напомене е дека академиите на Бреинстер имаат одлична програма и суперпрофесори, на студентите останува да бидат мудри и да посветат голем дел од своето слободно време и да го искористат сето тоа за да стекнат што повеќе знаење и да научат од искуството на предавачите - вели Андреј.


Андреј Рудовски

Првичната идеја за неговата компанија му се родила во 2009 година кога започнал со градење на сопствени блогови и нивно оптимизирање. Тогаш сфатил дека ниту еден бизнис не може да успее без добар маркетинг.

- Во 2014 година основав друг бизнис поврзан со виртуелна реалност каде што целта беше да се поврзе виртуелната реалност со нови и иновативни маркетинг-кампањи, но сфатив дека беше премногу рано за нашиот пазар. Секој почеток е многу тежок, особено по една неуспешна приказна, но тоа не треба да нѐ обесхрабрува да престанеме да пробуваме - вели Андреј.

Во 2018 година се запишал на Бреинстер и истовремено започнал со осмислување и поставување на основните цели на SkyBlueMedia, агенција за дигитален маркетинг и веб- дизајн.
- Во денешната дигитална ера ние им помагаме на бизнисите да го достигнат својот максимален потенцијал и пробуваме да го едуцираме нашиот пазар што е SEO и колку многу може да помогне во пронаоѓање потенцијални клиенти. Денес работиме со компании што се лидери во својата сфера. Бизнисот сѐ уште е во рана фаза затоа што сме допреле само до еден мал дел од целиот пазар. Имаме милион идеи кои сакаме да ги реализираме, фокусот моментално ни е на градење платформа за која сѐ уште не можам да зборувам и набрзо ќе биде лансирана, пронаоѓање клиенти од странство и тестирање на Artificial Intelligence во маркетинг-секторот - вели Андреј.


Стефан Цеков: Full-stack програмер во тимот на Бреинстер и сопственик на OurMind


Стефан Цеков е full-stack програмер во тимот на Бреинстер и алумни на Академијата за full-stack програмирање, но исто така и посветен на својата платформа OurMind.
Уписот на академијата за програмирање е дефинитивно една од најдобрите одлуки во неговиот живот. Стефан решил да учи програмирање од повеќе причини, а една од нив била дека со неговата претходна професија како преведувач немал доволно простор за напредок. A и барал нешто што повеќе ќе го исполнува, каде што ќе може да се надградува, а и подобро да заработува.

- Бреинстер ми е едно суперискуство од сите аспекти, и како академија, која секогаш беше професионална во пренесување на знаењето, и како дружење со колегите бидејќи тогаш сѐ уште не беше пандемијава, и како отскочна точка која кај мене побуди неколку клучни промени во животот. Веќе 2 години работам во Бреинстер, нешто кратко по моето завршување на академијата - вели Стефан.


Стефан Цеков

Сето знаење што го стекнал на академијата го употребил за да се роди Our Mind.

- Ова се случи неколку месеци пред да почнам да работам во Бреинстер. Идејата започна со почетокот на пандемијата, кога неизбежна беше потребата речиси сите работи да се одвиваат онлајн. Идејата беше заедничка со сопругата и на почетокот сакавме да направиме платформа која ќе опфаќа повеќе здравствени гранки. Но, потоа сфативме дека тоа е премногу голем проект за да го тераме сами и во консултација со неколку луѓе, меѓу кои и Петар Ниновски, решивме најпрвин да започнеме со психологија, бидејќи во тој период кај сите се забележуваше нарушување во менталното здравје поради карантинот, стравот што ќе се случи со најблиските, стравот кога ќе заврши целата ситуација итн. Секако дека имаше препреки и уште има. Најтешката препрека, која сѐ уште трае, е борбата со стигмата која владее кај нас околу посетата на психолог - раскажува Стефан.

Мисијата на Our Mind е да ја зголеми свесноста кај луѓето за потребата да се работи на себе и својот личен раст, свесноста дека сѐ зависи од нас, свесноста дека постои попозитивна перспектива на животот, односно свесноста дека сѐ започнува од нашиот ум.

- Визијата е да создадеме бренд кој ќе биде симбол за раст и кој ќе поттикнува позитивни промени и на индивидуално и на колективно ниво во работните средини, а со тоа да се поттикне позитивна промена во општеството. И сето ова звучи утописки, но нашиот тим верува дека и малата промена е значајна – вели Стефан.

Заедно со тимот, сега се во фаза кога создаваат конекции со компании кои сакаат да работат на својот тимски раст, на подобрување на комуникациските вештини, менаџирање на времето, справување со стрес, развој на лидерски вештини итн.

- За таа цел организираме и нудиме обуки со сертифицирани психолози-тренери. Оваа година го организираме и Самитот за лидерство, чија цел е да ги поттикне компаниите да работат на лидерските вештини на сите нивоа во компанијата, со што би се подобриле ефективноста, менаџментот на времето, делегирањето на одговорностите и сл., а од друга страна, ќе им покаже на присутните дека лидерството не е титула, позиција или моќ, туку емпатиска вештина која му е потребна на секој од нас, без разлика на која позиција работи - завршува Стефан.

Нема кој не ја знае Маги од Tasty Box

Марга Настевска Димоска е алумни од Академијата за дигитален маркетинг која собра храброст и мотивација за време на академијата да започне свој бизнис. Нејзините прекрасно спакувани подароци не може никого да остават рамнодушен. Ова е приказната за Tasty Box и како Маги успеа да направи целосна кариерна трансформација.

За мојата одлука да се запишам на дигитален маркетинг би кажала дека го направив вистинскиот чекор, во вистинско време. Во текот на студиите постојано бев мотивирана да започнам нешто и некаде при крајот се осмелив на тој чекор и се препуштив на креативноста. Решив да се запишам бидејќи покрај креативност, сметам дека ми требаше знаење за дигиталниот маркетинг, кој е неопходен во оваа ера. Идејата за Tasty box ја имав веќе некое време низ мислите, уште пред да ги започнам студиите, а како што и споменав претходно, сакав да започнам нешто, но ми недостигаше нешто на што може да сметам дека ќе бидам посигурна во реализирањето - вели Марга.


Марга Настевска Димоска

Секако дека низ процесот се јавувале тешкотии и препреки, но среќните лица на нејзините клиенти направиле сѐ да се заборави.

- Да, имав тешкотии и препреки, особено затоа што не сум го работела ова претходно, бев без искуство во оваа сфера, само мојата волја и креативност, но подоцна дојде и знаењето од Бреинстер, што беше доволно за да се создаде Tasty box.
Во целиот овој процес имам партнер кој постојано ме поддржува и ми помага, а тоа е причина плус да останам истрајна - вели таа.

Она што алумни-заедницата на Бреинстер го порачува до сите што не се задоволни со работните места или професијата што ја работат, е да ја зграбат шансата за напредок и да учат нешто ново, да стекнат нови вештини што ќе ги однесат кон професиите на 21 век.

Проверете ги образовните програми на академиите на Бреинстер!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот