X
 29.10.2018 Наука

Кина е изворот на мистериозните емисии што ја уништуваат озонската обвивка?

Со години оваа мистерија ги збунуваше научниците од областа на животната средина. Во 2010 година светот ја забрани употребата на многу соединенија што ја осиромашуваат озонската обвивка. Тогаш зошто глобалните нивоа на емисии сѐ уште се толку високи?

Мистеријата почна да се расчистува во јуни. Тогаш „Њујорк тајмс“ објави истрага во врска со ова прашање. Весникот тврдеше дека Кина е виновна за мистериозните емисии. Сега, излегува дека бил во право.

kina
Фото: iStock


Во труд објавен неодамна, меѓународен тим од истражувачи ја потврдуваат теоријата дека Источна Кина е изворот на најмалку половина од 40.000 тони јаглерод тетрахлорид што влегува во атмосферата секоја година. Тимот ова го открил со користење на комбинација на податоци за земјата и воздухот во атмосферата од концентрацијата во близина на Корејскиот Полуостров. Исто така, тие се потпираат на два модела што симулираат како гасовите се движат низ атмосферата.

Иако тие успеале да откријат дека изворот е Кина, сепак, не успеале да докажат кој ја крши забраната и дали воопшто тој што ја крши знае за штетата што ја предизвика.

- Нашата работа ја покажува локацијата на емисиите на јаглерод тетрахлорид - вели коавторот Мет Ригби.

- Сепак, сѐ уште не ги знаеме ниту процесите ниту индустриите што се одговорни. Ова е важно затоа што не знаеме дали се произведува намерно или ненамерно - додава Мет.

Ако научниците успеат да го откријат изворот на овие емисии, тогаш ќе може да се спречи неговото дејство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука