X
 29.10.2018 Живот

Не бараат лајкови и одобрување. Што прават поинаку самоуверените луѓе?

Самоуверените луѓе добро ги познаваат својот карактер, своите доблести и маани и немаат проблем со прифаќање критики на своја сметка. Често знаат да бидат погрешно проценети од околината, како самобендисани, но тие ги сметаат критиките за нови можности за свој личен напредок.

Како ќе препознаете дека станува збор за самоуверена личност? Еве што тие прават различно.

Не се обидуваат да им угодат на сите

Постои важна разлика помеѓу желбата да им помогнете на другите и да се посветите на секој што е сличен на вас. Разликата е во тоа што првата ситуација е благороден карактер, а втората е речиси невозможна и на крај може да има негативна последица што се однесува на убивањето на сопствената самодоверба по честите разочарувања и преиспитувања на себеси што тргнало  погрешно.

Вистинската доверба кон другите доаѓа однатре, од самата личност, а не однадвор, порачува Џозеф Р.Санок, лиценциран стручен советник и тренер за кариера.

- Луѓето што се емпатични кон другите често имаат ниска самодоверба бидејќи се базира на вредноста на она што другите мислат за нив - објаснува тој.

Почесто слушаат отколку што зборуваат

Се смета дека луѓето што без проблем настапуваат пред голем број луѓе имаат висока самодоверба. Но, всушност, станува збор за нешто спротивно. Луѓето со висока самодоверба помалку зборуваат, а повеќе слушаат и впиваат информации.

Не бараат лајкови на „Фејсбук“


Познато е дека луѓето со помала самодоверба бараат „одобрување“ на социјалните мрежи, често со некои детали што не го обележуваат нивното секојдневие, туку со нешто со што се обидуваат да се истакнат. Нивното его расте со бројот на лајковите на објавите. Токму спротивното, таквото одобрување од другите не го бараат самоуверените луѓе, па избегнуваат „јавно“ разголување на нивните детали од животот, односно каде биле, со кого и што правеле.

Не ги исмеваат другите


Нечие исмејување не е карактеристика на самоуверените луѓе. Тие не ги користат луѓето што не се сигурни во себе за да се истакнат во споредба со другите. Самоуверените луѓе знаат колку вредат и ги почитуваат другите со сите свои доблести и маани.

Не се прават паметни


Луѓето со недостиг на самодоверба сакаат на другите да им дадат до знаење дека се подобри и дека знаат речиси сѐ. Или барем имаат свое мислење што сакаат да го споделат со другите. Самоуверените луѓе не го прават тоа, тие се свесни дека немаат одговори за сите прашања и наместо на цел глас да го истакнат она што го знаат, повеќе сакаат во мир да ги побараат одговорите на непознатите луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот