X
 29.10.2019 Образование

Две недели штрајк во образованието во Хрватска, можни се и предвремени избори

Во Хрватска веќе 14. ден трае штрајкот во образованието, па и денеска нема да има настава во училиштата во Загреб и во Дубровничко-неретванската жупанија. Штрајкот продолжува, со оглед на тоа дека владата ниту вчера, на преговорите со синдикатите за основицата за државна и јавна служба, не понуди термин за состанок за коефициенти.

Синдикатот за наука денеска ќе најави нов ден за штрајк во системот на науката и високото образование, а синдикатите на учителите и вработените во средните училишта ќе го соопштат натамошниот тек на штрајкот.

Претставниците на синдикатот вчера го напуштија првиот круг преговори за основицата на платата бидејќи од владата не добија термин за разговори за коефициент за комплексноста на работата. Синдикатот не отстапува од своите барања, а хрватската влада порачува дека не прифаќа уцени.

Претседателот на синдикатот, Препород Жељко Стипиќ, изјави дека штрајкот трае веќе 14 дена и оти сè почесто се наметнува прашањето дали воопшто има надеж дека ќе дојде до договор со владата.

Хрватските медиуми информираат дека наставниците во просек имаат плати од 800 до 1.000 евра, професорите малку поголеми, а лидерите на синдикат – 2.300 евра.

Поголеми плати наскоро би можеле да побараат и многу други што добиваат средства од државата, со што би можело да настане општ хаос и целосно да се оневозможи носењето буџет. Проблем не се основиците, туку коефициентите кои на некои значително им ги зголемуваат платите, па административниот персонал за наједноставни работи заработува повеќе од висококвалификувани медицински сестри. Освен незадоволните медицински сестри, протест најавуваат и полицајците.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование