X
 29.10.2019 Живот

Погледнете колку се богатат Норвежаните секоја секунда

На линкот на норвешката инвестициска банка, која управува со познатата норвешка нафта, можете да ја видите точната вредност на овој фонд во норвешки круни и во американски долари. Првпат овој фонд забележува вредност од над 1000 милијарди долари.

Под овој износ се наоѓа реченицата што одлично ја опишува норвешката состојба на умот.

- Работиме на зачувување и градење на финансиската благосостојба за идните генерации - пишува под сумата.

За фондот е напишано:

- Владиниот глобален пензиски фонд се чува за идните генерации. Еден ден нафтата ќе ја снема, но враќањето на фондот ќе биде продолжение на просперитетот за норвешките граѓани. 

ТУКА можете да ја видите точната вредност на фондот и други информации за него.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот