X
 29.10.2021 Живот

Отворен „Ист гејт мол“ - Скопје добива трговски центар во ранг на европска метропола

Денес во Скопје официјално е отворен „Ист гејт мол“, инвестиција вредна 103 милиони евра. Портата на новиот мол во Скопје е отворена за сите посетители, од земјава и од регионот, кои ги очекува најбогатата понуда за шопинг и забава.

„Ист гејт мол“ е доказ на успешно имплементираниот план за зацртаната визија на креаторите да создадат еден сеопфатен гигант, кој се простира на 5 нивоа, како и да го реализираат позиционирањето на главниот град на европската и глобална шопинг-мапа.

Како ново срце на Скопје, „Ист гејт мол“ од денес е новата дефиниција за оригинален, уникатен и повеќенаменски шопинг-центар, на ниво на европските метрополи, а секако се издвојува со модерен архитектонски концепт и нова генерација на ентериерен дизајн за комерцијални објекти, кои го претставуваат во уникатно светло.



Проекциите навестуваат околу 12 милиони посетители годишно, а започнувајќи од денес, „Ист гејт мол“ на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката „Ти си центар“.

Во фокусот на ова мото се закупците и посетителите, кои се инспирација за сите активности на молот, кој ги овозможува сите очекувања на посетителите во поглед на забава, гастрономија, услуги и место за секој ден. Накратко - голема понуда на една нова шопинг-престолнина.

Објектот на „Ист гејт мол“, лоциран на само 5 минути од центарот на градот и веднаш до автопатот М4, е создаден со помош од над 2.500 вработени и се одликува со гигантски размери на вкупна површина од околу 160.000 м2, како и на простор за закупување од околу 57.000 м2. Во негови рамки се простираат 2.000 паркинг-места, 220 продавници, кои нудат избор од над 600 бренда, од кои 40 се сосема нови - првпат се претставуваат во земјата.



Меѓу многубројните брендови во молот, отворена е најголемата Zara продавница на Балканот, (Zara и Zara Home), како и препознатливи глобални и регионални имиња како Reserved, Mohito, Sinsay, Cropp, House, Armani Exchange, Calvin Klein, Kiko Milano, Pandora, Mango Man-Woman-Kids, XYZ, Patrizia Pepe, XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Dsquared2, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Reserved, Oysho, The Athlete's Foot, Twinset и многу други.

- „Ист гејт мол“ од денес за 360 степени го менува концептот за она што претставува еден трговски центар во секое време од годината и со тоа станува најпривлечна дестинација и за посетители од блиското соседство. Одговорноста да се отвори навремено „Ист гејт мол“ е голема, а секако е навистина значителен успех и мое лично задоволство да се биде на чело на палката во менаџирање на почитување на сите рокови и правила во изградбата на овој прекрасен објект. Од денес, „Ист гејт мол“ е центар на шопингот и забавата, како најновиот магнет за сите домашни и регионални посетители, кои со нетрпение ги очекуваме да им посакаме добредојде - изјави Игор Давков, главен извршен директор на компанијата „Скопје ист гејт“.



Во претстојните месеци, јавноста може да очекува оригинални концепти и уникатни содржини за буквално сите генерации и вкусови, а истото ќе ја прикаже идејата на трансформирање и поврзување на „Ист гејт мол“ како синоним за вистинска шопинг-оаза на уживањето, која секојдневно ќе се посетува од страна на илјадници посетители.

Од денес „Ист гејт мол“ е шопинг-дестинација со слух да го исполни сето она што го посакува и очекува информираниот потрошувач на денешницата, кој за да го истражи секој коридор и продавница во молот, ќе му бидат потребни дури 18 часа.


- Со гордост ви посакуваме добредојде на отворањето на најголемиот трговски објект во историјата на оваа земја и еден од најдобрите трговски центри на Балканот. Сè започна со сонот за создавање нова генерација на европски трговски центар на високо ниво, кој овозможува работни места за над 1.500 луѓе и за кој сме сигурни дека ќе биде референтна точка не само за градот Скопје, туку и за голем дел од Балканот. Како комерцијален проект, „Ист гејт мол“ е дизајниран за луѓето како најпримарна важност, со поставување на нивните потреби и соништа во центарот на нашиот развој - изјави Сотириос Јанакудакис, менаџер на „Ист гејт мол“.

„Ист гејт мол“ е инвестиција на Балфин групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижности, туризам, енергетика, банкарство и многу други. Балфин груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Инвестицијата на целокупниот проект Скопје Ист гејт изнесува 350 милиони евра.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот