X
 29.10.2021 Живот

Се отвори првата продавница „Cropp“ во земјава!

Со диџеј-сетот на Shorty P и настапот на Matej Foltz, денеска во „Ист гејт мол“ во Скопје се отвори првата продавница CROPP во земјава, дел од групацијата LPP SA.



CROPP е моден бренд што ја отвори својата прва продавница во Полска, во 2004 година. Во следните години списокот со продавници се зголемува сè до денес. Моден бренд за улична облека, кој им олеснува на потрошувачите да создадат сопствен стил, нудејќи женски и машки колекции, надополнети со широк спектар додатоци и чевли.



Брендот успешно помага да се изразат емоциите и да се поместат границите. Црпејќи инспирација од современата култура и музика, креативно ги меша во дизајни што ги вклучуваат најновите трендови на модните писти. За време на процесот на дизајнирање, дизајнерите на брендот се фокусираат на соработка со визуелни уметници, илустратори и графити-артисти од целиот свет.



LPP е полски производител на облека кој управува со пет препознатливи брендови: Reserved, Mohito, House, Cropp и Sinsay. Секој од нив е насочен кон различна група потрошувачи, кои претставуваат различен начин на живот, имаат различен начин на изразување и различни потреби. Секој од брендовите е создаден за да им помогнеме на потрошувачите да ги изразат своите емоции и да ги исполнат своите соништа преку својот изглед.



(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот