X
 29.11.2017 Образование

Исчезнувањето на американскиот дипломиран студент

Има две многу различни слики за студентите што се движат низ ходниците и лабораториите во школата за инженерство во Универзитетот на Њујорк. 80% од нив се жители на САД, а што се однесува до степенот на дипломирање, бројката е обратна. Односно, 80% се од Индија, Кина, Кореја, Турција и други странски земји.

Програмите на универзитетите сè повеќе вклучуваат интернационални студенти и тоа во сите области што ги нудат образовните институции. Дури и студентите на мастер-програмите и докторските нивоа се од странство, со застапеност од над 60%. Многу фактори придонесуваат за ова, но најголемиот е што има голем број отворени места во областа на технологијата. Американците, во поголем дел, не гледаат потреба за напреден степен на образование кога ги чекаат голем број професионални можности.

Постојат некои проблеми како, на пример, негостопримливата политика на претседателот Трамп и обидот за истерување на дојдените од некои муслимански земји, па тоа може да доведе до двоумење кај потенцијалните кандидати за да се образоваат во САД. Сепак, бројката на интернационални апликации не е намалена, но експертите се загрижени за натпреварувачката перспектива. Специјализираните области како машинско учење и вештачка интелигенција бараат дипломирани луѓе, но за поголемиот дел се технички работи. Како што економијата напреднала, така и процентот на дипломирани Американци се намалил. За многу студенти тоа веќе не е приоритет, освен ако навистина не се насочени кон постигнување одреден висок степен и истражување на некоја област.

Додека, пак, студентите од другите земји го гледаат дипломирањето како најдобар пат до вработување и живеење во САД бидејќи во своите земји немаат доволно конекции со соодветната индустрија.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование