X
 29.11.2018 Живот

Зошто здравствената состојба на легендарниот Шумахер веќе пет години е строга тајна?

Сабине Кем ги открива причините зошто семејството ја крие здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски првак во Формула 1.

Кем е инаку менаџерка на славниот Германец, за чија здравствена состојба се знае многу малку уште од несреќата што ја доживеа на француските Алпи во декември 2013 година.

- Општо гледано, медиумите никогаш не известувале за приватниот живот на Михаел и Корин. Додека беше во Швајцарија, беше јасно дека тој е само уште една личност. Еднаш, во приватен разговор, Михаел ми рече: „Од наредната година повеќе не мораш да ми се јавуваш, исчезнувам од јавниот живот“. Мислам дека тоа му беше таен сон, дека може да го направи тоа еден ден. Затоа, сега сакам да ја заштитам неговата желба и да не дозволам ништо да излезе во јавноста - вели Кем.

Англиските медиуми велат дека оваа изјава Кем ја дала на средбата со претставници на разни медиуми во март 2016 година, но дури сега стигнала во јавноста.

Шумахер моментално живее во швајцарскиот град Гланд, а медиумите шпекулираат дека се трошат околу 150.000 евра неделно за неговиот третман.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот