X
 29.11.2021 Живот

Билетот за посета на „Титаник“ ќе изнесува 250.000 долари

Откако беше откриен на морското дно на Северниот Атлантик во 1985 година, „Титаник“ го посетија околу 200 луѓе.

Но, „Оушнгејт експедишнс“ неодамна го најави своето второ патување до најпознатиот брод во светот, со истражувачки туристи на околу 4.000 метри под студената површина на океанот, каде што „специјалистите на мисијата“ заедно со истражувачите ќе прегледаат огромен брод од подморница на компанијата.

Експедицијата на „Титаник“ ќе се спроведува како серија од осумдневни мисии кои започнуваат во мај и завршуваат во јуни. Но, ова патување ќе биде сè само не е евтино - еден билет чини 250.000 долари.

1
Фото: OceanGate

- Ова е едно од најинтересните и најуникатни искуства што некогаш сум ги доживеал. Помалку од 200 луѓе некогаш успеале да стигнат до „Титаник“ и да го видат бродот што е потонат веќе 110 години - рече Арон Њуман, специјалист за мисијата на „Оушнгејт експедишнс“, за време на патувањето во 2021 година.

- Самото патување речиси 4.000 метри под вода, во подморница, е неверојатно искуство - додава тој.

Граѓанските истражувачи или специјалисти за мисии ќе ја започнат својата авантура со пловење на експедицискиот брод од Сент Џонс во Њуфаундленд, Канада, до последното почивалиште на потонатиот брод. „Оушнгејт експедишнс“ ќе ја користи својата подморница од титаниум и јаглеродни влакна од класата „Сајклопс“ за пет члена на екипажот; бродот носи до тројца експерти за мисијата на секое нуркање, кое трае од осум до десет часа.

titanik
Фото: OceanGate

 „Титаник“ потона на 14 април 1912 година, четири дена по неговото прво патување од Саутемптон, Англија, до Њујорк, откако удри во санта мраз. Загинаа 1.517 од 2.224 патници и членови на екипажот.

Од година на година бродот пропаѓа. Јарболот падна на палубата, а познатото нуркање на режисерот Џејмс Камерон во 2001 година го ослабнало интегритетот на трупот. Според Националната управа за океани и атмосфера, трупот и структурата на бродот најверојатно целосно ќе се урнат во следните 20-40 години.



Извор: Daily Mail
Фото: OceanGate Expeditions
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот