X
 29.12.2017 Наука

Дали пиењето алкохол може да ги уништи бактериите во грлото?

Алкохолот е добро познато средство за дезинфекција, а голем број луѓе велат дека може да биде корисен за лекување инфекции во цревата. Дали алкохолот може да биде корисен за лекување инфекции поврзани со стомакот и грлото?

Виното одамна е познато по своите карактеристики на дезинфекција и чистење. Според историските записи, во третиот век римските генерали им го препорачувале виното на своите војници за да спречат дизентерија.

Дали алкохолот може да ги убие бактериите во нашите црева и во устата?


Виното било испитувано како дел од истражување од 1988 година, во кое биле тестирани голем број обични пијалаци за нивниот антибактериски ефект. Пијалаците биле инкулирани со инфективни стомачни бактерии, како салмонела, шигела и ешерихија коли. Истражувањето открило дека организмите најмалку преживеале во виното. Пивото и газираните пијалаци имале ефект, но не толку добар колку виното.

Неколку години подоцна лабораториско истражување се обидело да открие што го предизвикува антибактерискиот ефект во виното. Истражувачите тестирале дали салмонела ќе преживее во црвено вино и го споредиле со раствор што содржи иста концентрација на алкохол и pH.

Тие откриле дека црвеното вино поседува интензивна антибактериска активност, што е поголема од онаа на растворот со иста концентрација на алкохол и pH.

Концентрацијата на алкохолот е важна за ефектот на бактерии. Концентрациите на алкохол пониски од 40 отсто биле значително послаби во влијанието врз бактериите. Алкохол со концентрација од 10 отсто речиси немал ефект.

Исто така, важно е и времето на изложување. Кога бил употребуван 40-отстотен алкохол, ефектот врз инхибицијата на растот на овие микроорганизми бил многу поголем ако се применувал во период од 15 минути во споредба со 6 минути.

Истражувањето утврдило дека 40-отстотен алкохол имал способност да убие орални бактерии во период од една минута.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука