X
 30.01.2017 Наука

Дали патниците во авионите се изложени на радијација?

Истражувачите на НАСА ги објавија резултатите од обемната студија за влијанието на радијацијата врз патниците во авионите. Вселенските зраци од Сонцето и вселената се судираат со молекулите од атмосферата. На тој начин предизвикуваат радијација што е опасна по човековото здравје. Во новата студија објавена во „Спејс ведр журнал“ истражувачите користеле таканаречени временски балони.

Во балоните се наоѓале инструменти кои го бележеле зрачењето на оддалеченост од седум до 37 километри над површината на земјата. Се смета  дека населението на земјата главно е безбедно од зрачењето. Меѓутоа, оваа студија покажа дека астронаутите, пилотите и другиот персонал во авионите, сепак се изложени на зрачење.

зрачење

зрачење
Заради времето што го поминуват во атмосферата, екипажот на авионите е двојно повеќе изложен на радијација во споредба со останатата популација. Ова се однесува и за астронаутите. Истражувачите на НАСА во 2015, од Форт Самер пуштиле во воздух балон исполнет со хелиум. Во балонот биле сместени инструменти кои ја мереле вселенската радијација од Сонцето и вселената.

Добиените резултати докажаа зголемена радијација во атмосферата. Инаку, магнетните полиња ја спречуваат радијацијата врз планетите, но еден дел од тие зрачења сепак може да навлезе во атмосферата. Ваквите зраци се судираат со молекулите на кислородот и азотот. Тоа предизвикува промена во честичките од зрачењето, кои се претвораат во нови честички. Овие процеси се нарекуваат нуклеарни и електромагнетски каскади.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука