X
 30.01.2021 Живот

Кралицата Елизабета бара некој да ѝ го води инстаграм-профилот за 30.500 евра годишно

Британското кралско семејство несомнено е едно од семејствата за кои најмногу се зборува, а еден од најпопуларните членови на ова семејство е кралицата Елизабета.

Оваа недела таа повторно се најде на насловните страници откако ја сподели веста дека вработува. И додека повеќето понуди за работа што ги огласува Бакингемската палата вклучуваат специфични квалификации за кои не би можеле ни да сонуваме да ги имаме, условите за оваа работна позиција би можеле да ги исполнуваме.

Огласот е за инстаграм-менаџер, а официјално се нарекува „Постар асистент за комуникација“, а „Инстаграм“ ќе биде голем дел од работата.

Според огласот, кандидатот ќе ги координира вестите, изворите и ќе пишува содржини, ќе ги поддржува локалните уредници. Исто така, ќе користи аналитика за да го прегледа влијанието и ангажманот и да презентира идеи за идните случувања.

- Со клучна улога во сите активности за внатрешна комуникација, од годишни настани и брифинзи до еднократни кампањи, ќе го примените вашиот креативен талент и техничка експертиза за да создадете разновидност на дигитални и други средства, вклучувајќи видеа, анимации и ресурси - пишува во огласот.

Еден од условите е да имате високо образование, да бидете дигитално флуентни со искуство како системски администратор и/или уредник на веб-страници, интернет или канали на социјалните мрежи.

ТУКА можете да дознаете повеќе за огласот за работа.
 
Извор: Marieclaire.co.uk
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот