X
 30.01.2021 Живот

Жителите на еден град во Финска може да одат на работа со скии

Финскиот град Лахти планира да претстави програма за користење велосипеди. Но пред да се случи тоа, градот експериментира со нешто што не постои на ниту едно друго место во светот - програма за изнајмување скии, но во градот.

Градот, кој се наоѓа на околу 1,5 час возење од Хелсинки, поставил ски-патеки на некои тротоари во центарот. Жителите може да изнајмат скии од специјалната станица, да ги завршат обврските или да вежбаат, а потоа да ги вратат.

- Сакавме да пробаме нешто ново - вели Ана Хутенен, проектен менаџер за одржлива мобилност во градот.


Програмата за изнајмување скии во градот е привремена и делумно воведена за да се промовира изборот на градот за европски зелен главен град на годината. Освен тоа, до 2025 г. Лахти планира да ги намали емисиите на штетни гасови на минимално ниво, а еколошкиот превоз е важен дел од промената.

Градот работи на проширување на велосипедските патеки и тротоарите и тестира нови начини за поттикнување на жителите да возат велосипед или да пешачат. Граѓаните користат апликација со која се следи нивното испуштање на штетни гасови во атмосферата, а се наградуваат жителите што пешачат или возат велосипед наместо автомобил. Во рамките на друга пилот-програма се произведува биолошко гориво од отпадот на локалните пиварници и пекарници.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com
Фото: lahti.fi
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот