X
 30.03.2015 Живот

Причини зошто луѓето кои читаат имаат поголеми шанси за успех

Уште од мала возраст околината не` учи дека читањето го гради патот до успехот. Замислете ја најпаметната и највредната личност која ја знаете - сигурно ја замислувате во библиотека или покрај безброј книги.

Можеби да се биде страствен читател не обезбедува некој голем успех, меѓутоа сигурно е дека успешните луѓе се страствени читатели. И сите тие имаат неколку заеднички карактеристики.

 1. Имаат поголем фокус

Успешните луѓе се способни да се фокусираат на една задача подолг временски период. Секој којшто ја има прочитано „Војна и мир“ знае дека читањето не е брз процес. Исто така, не е процес што веднаш се прави. Природно е да паузираат, меѓутоа најстраствените читатели едноставно не можат да ја остават книгата подолго од еден ден.

2. Поставуваат цели

Заедно со фокусот, читателите пред себе си поставуваат цели кога и да започнат книга. Без разлика дали станува збор за поставување на одредена цел за читање до одредена страница или концепт за зацврстување на умот, тие се активни и се обидуваат да постигнат нешто.

3. Времето го трошат паметно

Можеби имаат само 20 минути пред да одат некаде, но наместо да ги гледаат како „само 20 минути“, тие сметаат дека овие 20 минути се и повеќе од доволно за читање. Успешните луѓе го сметаат нивното време како доста вредно, па затоа прават се` и ја користат секоја можност да научат нешто ново и да исполнат некоја зацртана цел.

4. Имаат перспектива

Успешните луѓе имаат способност да ги гледаат сите страни на едно прашање бидејќи имаат прочитано различна литература што дава различни перспективи. Да се биде страствен читател овозможува да се ставите во кожата на друг човек и за миг, да го почувствувате искуството на таа личност.

5. Тие се рефлективни

Покрај тоа што имаат подобра перспектива, читателите се рефлективни за она што го прочитале. Со добивањето на перспектива, читателите можат да видат и од другата страна на оградата, а со рефлексивноста тие пронаоѓаат начини како да бидат продуктивни.

6. Имаат неверојатна способност за пишување и зборување

Не е изненадувачки фактот што најголемите оратори во историјата на човештвото имале страст кон читањето. Успешните луѓе црпат инспирација токму од книгите.

7. Имаат зголемена меморија

Читателите разбираат колкава е моќта на мозокот. Тие можат да имаат неограничен капацитет на информации. Колку човек повеќе чита, толку полесно ги задржува информациите. Успешните луѓе не го поддржуваат верувањето на Хомер Симпсон дека учењето нешто ново, го турка старото знаење.

8. Остануваат свежи

Одличните читатели го гледаат мозокот како мускул на кој треба да се работи и кој треба да вежба. Исто како одењето во теретана кое секој ден вашето тело го одржува во форма, и читањето го одржува вашиот ум свеж и остар.

9. Тие се едуцирани и информирани

Успешните луѓе се искачуваат до врвот бидејќи поминуваат време учејќи. Кога тие читаат книга, тие не само што ја завршуваат, туку и засекогаш носат нешто во себе. Читањето учебници не е само училишна работа што мора да се заврши, туку е и можност да се рашири нивното знаење уште подалеку.

10. Читаат за да се релаксираат


Дури и најуспешните луѓе сакаат да се одморат. Тоа не значи дека тие го исклучуваат умот целосно. Не постои ништо лошо со читањето на лоши списанија или глупави романи. Читањето е многу подобро од гледањето телевизија. 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот