X
 30.03.2020 Живот

Донација на производи од Нектар/Фруктал за Инфективната клиника

Во оваа тешка ситуација во која се најде целата планета, компанијата „Фруктал“ заедно со својот партнер во Македонија, компанијата „Кола“, одлучи да им помогне на пациентите на инфективните клиники во Скопје, Штип, Дебар и во Куманово, на медицинскиот персонал, како и на најранливите категории граѓани, граѓаните што немаат дом, и ќе донира повеќе од 14.000 од своите производи.

1

- Среќни сме што можеме да му помогнеме на некој во оваа ситуација, ситуација тешка за сите нас, а особено на оние на кои во овој момент помошта им е најпотребна. Сметаме дека во ова време треба сите да дадеме максимум, да си помогнеме едни на други за да победиме заедно во оваа битка. Се надеваме дека и други компании што се во можност ќе ни се придружат - истакнаа од компанијата „Фруктал“.

3

4

Во оваа акција вклучен е и Црвениот крст, кој помогна во доставата на овие производи до оние на кои им се најпотребни.

Компанијата „Фруктал“ е дел од групацијата „Нектар“, која е присутна во целиот регион и има фабрика во Скопје.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот