X
 30.04.2015 Култура

Одлични научно фантастични филмови снимени во време на СССР

Доколку генерализираме при опишување на овој жанр, можеме да кажеме дека американската научна фантастика прави филмови со брз ритам, кој со текот на времето стануваат се` побрзи и завршуваа со тресок - буквално и фигуративно.

Иако постојат исклучоци како што се „THX 1138S“ на Џорџ Лукас и „2001: A Space Odyssey“, поголемиот дел од нив се снимени според сличен план.

Научната фантастика како жанр го зеде својот замав во Америка во текот на 50-те години на минатиот век, а овие филмови имале доста низок буџет. Воглавно се занимавале со опасностите кои му се закануваат на човештвото од нуклеарното тестирање, и последиците кои ги имаат луѓето, како и со чудовишта од историјата. Визуелните ефекти биле лоши, и не можеле долго време да бидат во кадар затоа што изгледале очајно.

Во источниот блок снимањето на научно фантастичните филмови најмногу го поттикна Јуриј Гагарин и неговото патување во вселената. Тука социјалистичкат аутопија зеде нов замав и филмаџиите започнаа да фантазираат за комунистичка галаксија. Нивните вселенски патници решавале меѓупланетарни загатки, и притоа често се жртвувале себеси за спас на цивилизацијата. Интересно е тоа што поголемиот дел од научно фантастичните советски филмови имале неколку детали кои се појавувале скоро секаде: морало да постои мисија во вселената, морало да се појави симпатичен робот и вселенскиот брод морало да биде управуван од компјутер.

Доколку ја сакате научната фантастика, тогаш ви ги нудиме футуристичките филмови од СССР кои вреди да се погледнат.

1. Aelita (1924 година)

 

Базиран на расказот на Толстој под истото име „Аеlita“ е класика не само за советската, туку и за светската кинематографија. Филмот ја раскажува приказната за инженерот Лоса кој дизајнира вселенски брод способен да летне н Марс. На Црвената планета оди со двајца соработници, а кога стигнуваат таму наидуваат на хуманоидна вонземјанска цивилизација. Додека еден од неговите соработници се обидува да предизвика револуција, Лос започнува љубовна врска со Аелита, ќерката на водачот на Марс.


2. Cosmic Voyage (1935 година)


 

Првиот обид за слетување на Месечината завршува катастрофално. Ракетата која транспортирала зајак исчезнува, а истото се случува и со следната ракета во која патувала мачка. Во третиот обид, група на научници одлучуваат да го ризикуваат животот и да отпатуваат со ракета. Нивниот обид се покажал како успешен, и благодарение на тоа СССР ја колонизираат Месечината.


3. Meteorites, The Universe, Road to the Stars, Planet of Tempests, The Moon (1947 – 1970 година)

 

Режисерот на филмот Клушанцев бил пионер во својот стил на снимање, што било комбинација меѓу документарен фил и научна фантастика. Во овие филмови една до друга се ставени вистински снимки од лаборатории со внимателно конструирани сцени на планети на кои живеат вонземјани. Филмот „Planet of Tempests“ на истиот режисер оставил толку силен впечаток врз американските режисери што тие направиле дури две адаптации од филмот.


4. Solaris (1972 година)

 

Приказна за Крис Келвин, психолог кој патува до вселенската станица Соларис за да ја анализира и да дознае дали треба мисијата таму да продолжи. Научниците кои се наоѓаат на оваа станица се веќе на работ до лудило, а веднаш по пристигнувањето на Келвин тој започнува да ја халуцинира неговата сопруга која извршила самоубиство.


Овој филм се смета за најважниот во во овој жанр на филм во СССР. Американскиот режисер Стивен Содерберг во 2002 година сними адаптација на филмот со Џорџ Клуни во улога на Келвин, меѓутоа филмот ја немаше истата уметничка и концептуална моќ како оригиналот.

5. Pilot Pirx’s Inquest (1978 година)

Филмот е од полско-советско производство и ја раскажува приказната за мисија на Сатурн. Една голема корпорација успева да дизајнира хуманоидни роботи и одлучува да ги испрати на оваа планета, заедно со група на експерти предводени од капитенот Пиркс, за да лансираат два сателити на прстените околу Сатурн.

Филмот изгледа модерно дури и денес. Заслугите за тоа одат кај полскиот режисер Пиестраку кој вложил огромни напори за овој филм да изгледа толку реално.

6. Per Aspera ad Astra (1981 година)

Насловот на овој филм е латинска изрека која во превод значи „од трн до ѕвездите“. Базиран на сценариото на култниот советски сценарист на научно фантастични филмови, Кир Буличов, а приказната се одвива во една далечна галаксија. Главниот лик Пушкин, чие име е инспирирано од познатиот руски писател, во своето патување наидува на вселенски брод во кој открива дека вонземјаните имаат способност за телепортација и телекинеза.

7. Hard to be God (2013 година)


 

Овој филм го прикажува средниот век на друга планета каде владее хаос, темнина и деградација. Целата ситуација внимателно се набљудува од Земјата, која го чека вистинскиот момент да испрати луѓе кои ќе ја започнат ренесансата. Изборот паѓа на Дон Румата Естроскиа, кој патува на оваа планета. Иако неговата задача е само да набљудува, сепак тој се одлучува да се вмеша. 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура