X
 30.04.2020 Здравје

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во САД?

Заразувањето со коронавирусот носи и финансиски последици, а тие се особено големи доколку живеете во САД, каде што здравствениот систем не е бесплатен. Хауард Форман, професор на универзитетот „Јејл“ и радиолог, открива колку чини лекувањето во САД во интервју за „Атлантик“.

Форман работи во болницата „Јејл њу хејвен“, каде што се лекуваат пациенти заболени од Ковид-19. Американскиот конгрес досега одобрил неколку уредби за финансиска помош на граѓаните за време на кризата, но сè уште не е јасно колку граѓани ќе треба да покријат барем дел од трошоците од својот џеб.


Фото: Pixabay

Тестирањето за коронавирусот е бесплатно во поголемиот број случаи, но и тие трошоци сè уште не биле покриени од страна на властите, открива Форман. Просечниот престој во болница за лекување од Ковид-19 во болницата во која работи Форман е 6,2 дена, а соодветно на тоа, сумата за лекување би изнесувала најмалку 20.000 долари.

За пациентите што се на интензивна нега повеќе денови сумата е значително повисока. Форман проценува дека тринеделен престој на интензивна нега би чинел околу 250.000 долари или повеќе.

Доколку пациентот има здравствено осигурување, цената за еден ден во болница може да го чини од 6.000 до 8.000 долари.

Извор: theatlantic.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје