X
 30.04.2022 Технологија

Роберт де Ниро и Били Ајлиш се меѓу најопасните поими што може да ги барате на интернет

Сајбер-нападите се обиди да се украде, објави, смени, оневозможи или уништи приватна или јавна информација преку недозволен пристап до компјутерски систем. Хакерите често користат познати поими кои привлекуваат голем интерес за да стигнат до повеќе луѓе кога се обидуваат да намамат корисници да пристапат на веб-страница или да преземат материјал што може да биде штетен.

Технолошката компанија „Сурфшарк“ направила анализа на познатите поими од популарната култура кои се најопасни за пребарување бидејќи хакерите ги користат за штетни активности.

На пример, доколку барате филм со актерот Роберт де Ниро, треба да внимавате кои веб-страници во резултатите ќе ги отворите бидејќи 54,1 отсто од резултатите за актерот содржеле потенцијално штетен софтвер.


Фото: Pixabay

На второ место на листата со „најопасни“ актери е Џејк Џиленхол со 53,6 отсто, а по него се Ентони Хопкинс со 52,6 отсто, Кејт Винслет со 52,6 отсто и Марго Роби со 52 отсто.

Кога станува збор за музичарите, Били Ајлиш е на врвот бидејќи 47,1 отсто од резултатите за неа користат потенцијално штетен софтвер. Д Викенд е втор со 43 отсто, а Еминем е трет со 42,3 отсто.

Во категоријата филмови, 46,7 отсто од резултатите за „Барајќи ја Дори“ (англ. Finding Dory) може да бидат опасни. Помеѓу сериите, најопасна е „Да станеш лош“ (англ. Breaking bad) со 39,6 отсто опасни резултати.

Како може да се заштитите на интернет?

За да ја намалите опасноста од инсталирање штетен софтвер преку интернет, секогаш читајте вести на сигурни извори и не отворајте веб-страници кои започнуваат со HTTP, бидејќи тие се застарени.

Освен тоа, имајте ја последната верзија од прелистувачот, а можете да користите и блокатор на реклами и антивирус.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија