X
 30.05.2020 Технологија

Нова алатка на „Гугл“ помага да ја задржите дистанцата со помош на телефонот

Социјалното дистанцирање веќе станува дел од секојдневието поради пандемијата на коронавирус, но може да биде тешко да се почитува во реалноста.

Нова алатка на „Гугл“ наречена „Содар“ користи аугментирана реалност

за да ви помогне во ситуациите кога имате проблеми со дистанцирањето. Алатката прави прстен околу вас во радиус од два метри и ви покажува колку блиску може да стоите до некого.



Фото: Pixabay

Доколку сакате да ја пробате, можете да ја најдете на веб-страницата на „Содар“ преку лаптоп или со помош на телефонот. Во моментов, алатката може да се користи само со телефони на „Андроид“.

Автор: Хедли Сајмонс
Извор: androidauthority.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија