X
 30.05.2020 Живот

Ритуалот што Бил Гејтс го практикува 3 пати неделно

Бил Гејтс нема многу слободно време, но наоѓа за да медитира колку што е можно почесто, а тоа најчесто е два или три пати во неделата, откри претприемачот во неодамнешна објава на својот блог. Како што вели Гејтс, медитацијата има физиолошки и психолошки поволности кои постојано се докажуваат од страна на истражувачите.

Кога Гејтс бил во 20-те години, тој не верувал во медитацијата. Но, сега на неа гледа како на вежба за мозокот, слично како што ги вежбаме мускулите кога спортуваме. Гејтс открива дека кога медитира, тоа го прави во период од 10 минути, а понекогаш медитира заедно со неговата сопруга, Мелинда Гејтс.


Фото: Wikipedia

- Користиме удобни столици, нема шанси ова да го правам во позицијата на лотос - вели тој.

Но, дали 10 минути се доволни за да направат разлика? Според Гејтс и други експерти, одговорот е: да.  Според него, дури и пет минути се доволни за да ги игнорирате сите работи кои ви го одземаат вниманието и да се фокусирате на она што ви е битно до крајот на денот.


Фото: Pixabay

За да му помогне во медитацијата, Гејтс ја користи апликацијата „Хедспејс“. Станува збор за апликација која ги учи луѓето да медитираат во сесии кои траат 10 минути. Пред апликацијата, Гејтс читал многу книги на темата, но апликацијата му помогнала да го примени наученото во пракса.

Автор: Минда Зетлин
Извор: inc.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот