X
 30.05.2020 Наука

Снимен октопод на најголемата длабочина досега

Научниците снимиле октопод на најголема длабочина досега во Индискиот Океан. Морското животно било снимено на дното на океанот, на длабочина од 7.000 метри, речиси 2 километри подлабоко од претходната најголема длабочина.

Бил снимен октопод од видот „дамбо“. Името му било доделено бидејќи октоподот потсетува на ликот од цртаниот филм на „Дизни“.

Досега биле пронајдени делови од октопод и јајца на многу големи длабочини, но жив октопод не бил забележан на длабочина поголема од 5.145 метри. Оваа длабочина е забележана пред 50 години во близина на Барбадос.


Фото: Springer

Откритието е важно бидејќи сега знаеме дека октоподите може да преживеат на најмалку 99% од морското дно низ целиот свет.

Главниот истражувач кој е заслужен за снимката на октоподот е д-р Алан Џејмисон. Тој го снимил животното додека работел на експедиција за истражување на најдлабоките делови од светските океани.

Автор: Џонатан Амос
Извор: Би-би-си
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука