X
 30.05.2022 Живот

Воздухот во Тетово загаден од пожарот, учениците два дена нема да одат на настава

Засега нема повредени, освен неколку интервенции кај луѓе поради чадот од пожарот во Тетово, кој во 9 часот избувна во објектите на поранешната фабрика „Македонија табак“.

Поради пожарот, Секторот за образование на Општина Тетово одлучи учениците да не одат на настава овие два дена.

- Апелирам до сите граѓани да остануваат дома, да не излегуваат ако немаат никаква работа, не дека е критично, но поради загадувањето на воздухот, да останат дома, да видиме што ќе се случи. Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокираат загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот - изјави Бесар Дурмиши од Советот на Тетово.

Побарале помош од Општина Гостивар и од Град Скопје.

- Тие се дојдени и од нивна страна е побарано да дојде хеликоптер за да го запре пожарот - рече Дурмиши.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот