X
 30.06.2018 Живот

На Хаваи забележан „брод од лава“

Хавајскиот вулкан Килауеа сѐ уште еруптира и лавата тече низ Големиот Остров и се слева во Тихиот Океан. Вулканот беше активен со децении, но минатиот месец влезе во нова фаза на поинтензивни и посилни ерупции.

Илјадници локални жители беа присилени да ги напуштат своите домови по серија експлозии, а стотици домови, канцеларии и други структури беа оштетени. Покрај директната опасност од лавата, опасни се и високите нивоа на сулфурен диоксид, кој блика од вулканот.

Ерупциите исто така влијаеја и врз економијата на Хаваи, која зависи од туризмот, но и покрај опасностите, катастрофите можат да донесат и понекоја немилосрдна убавина и да бидат можност за научниците да спроведат некое истражување.

Една снимка што деновиве се споделува на социјалните мрежи покажува редок феномен кој од Геолошкиот топографски институт на САД го нарекуваат „брод од лава“.

На снимката може да се види како брзата река од лава отцепува големо парче карпа, која потоа плови надолу пред да почне да се распаѓа.

Погледнете како изгледа тоа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот