X
 30.06.2019 Живот

Тагата на напуштеното куче

Оваа неизмерно тажна снимка, која покажува како едно мало кутре очајнички се обидува да го стаса сопственикот што го остава на патот и брзо се оддалечува со автомобилот, настанала меѓу Олово и Кладањ во Босна и Херцеговина. Лицето што ја направило снимката го нахранило кучето, му дало вода и се обидело да го тргне од патот, но тоа само сакало да се врати кај човекот што го оставил.

Снимката трае повеќе од пет минути и на неа може да се види како кутрото кученце со сета сила трча по сивиот автомобил, кој брзо исчезнува. Малото кутренце упорно трча, иако поранешниот сопственик веќе го нема на видик, додека да стаса до тунел. Таму забавува, очигледно исцрпено и збунето, па застанува и се врти, но кога авторот на снимката му се приближува, кучето се свртува и продолжува да трча низ тунелот.

Не е познато како завршила приказната за несреќното кутренце, сигурно е само дека не го стасало лицето што го оставило.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот