X
 30.06.2021 Здравје

Нов тест на крвта може да детектира над 50 видови рак

Во моментов, ракот се дијагностицира со помош на тестови кои вклучуваат анализа на ткиво од пациентот. Во одредени случаи, докторите користат техники за снимање за да направат дијагноза кога не може да се земат примероци од ткиво. Меѓутоа, овие пристапи најчесто се користат дури откако пациентот покаже симптоми.

Научниците работат на нови методи за рана детекција на ракот со тестови на крвта. Компанијата „Грејл“ е една која прави вакви тестови за да открие рак дури и години пред појавувањето на симптомите. Компанијата сега работи на тест кој би откривал над 50 видови рак.


Фото: Pixabay

Неодамна биле објавени прелиминарни податоци од користење на овој тест на над 2.823 примероци од крв на пациенти заболени од рак и 1.254 здрави примероци. Компанијата успеала да детектира над 50 видови рак во примероците, без разлика на фазата на болеста.

Тестот детектирал рак кај 51,5% од примероците на заболени пациенти, а погрешно детектирал рак кај само 0,5% од примероците на здрави пациенти.


Фото: Pixabay

Со тестот се детектирале повеќе случаи во кои болеста е во понапредна фаза. Така, тестот детектирал рак кај 16,1% од примероците на крв од пациенти во првата фаза од болеста, но кај 90,1% од примероците од пациенти во четвртата фаза од болеста.

Тестот бил двојно поефикасен кај цврсти тумори како оние на црниот дроб и панкреасот отколку кај тумори на дојката или простатата.

Компанијата сега планира да го тестира методот на 140.000 учесници во Велика Британија, а резултатите од овие тестирања се очекуваат до 2023.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје