X
 30.06.2021 Живот

Само Скопскиот Регион лани имал позитивен природен прираст

Минатата година во градските подрачја во Македонија живородени се 11.258 деца или 59,2% од вкупниот број на живородените деца, додека 7.773 или 40,8% деца се живородени во селските подрачја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемо учество во однос на вкупнот број раѓања по региони има Скопскиот со 38,8%, а најмало Источниот Регион со 6,1%.


Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

-Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја изнесува 29,8 години, а 28,4 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја изнесува 28,1 година, а во селските подрачја 25,9 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2,2 години - стои во извештајот.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Во градските подрачја умреле 15.948 лица или 61,9%, а 9.807 лица или 38,1% умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28,5%, а најмало Вардарскиот Регион со 8,1%. Во градските подрачја има 64 умрени доенчиња, додека во селските подрачја 44. Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 73,1 година, а во селските 73,6 години.

Фото: Државен завод за статистика (printscreen)

Во извештајот се додава дека природниот прираст е негативен и изнесува -4.690 лица во градските подрачја и -2.034 лица во селските подрачја. Само Скопскиот Регион бележи позитивен природен прираст, а останатите региони бележат негативен природен прираст.

Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот