X
 30.07.2017 Живот

Начини на кои луѓето се обидуваат да ве манипулираат

Во маркетингот, политиката и во нашите приватни животи луѓето користат логични грешки, односно грешно верување и убедување за да нè манипулираат. Нивните тактики можат да нè фатат неподготвени, да нè збунат и да нè натераат да реагираме емотивно.

Во процес сличен на когнитивната терапија, можеме да преземеме целосна одговорност над нашите животи со тоа што ќе станеме свесни за тактиките со кои нè манипулираат и ќе се обидеме да ги анализираме во текот на процесот.

Дали некои од овие логични грешки ви звучат познато?

1. Лажна дилема

Намалување на изборите и сите можности во мултидимензионалниот свет на само две алтернативи. Немојте по автоматизам да избирате една страна од лажната дилема. Дишете длабоко и барајте други опции.

2. Пост хок проптер хок

Гледање два настани кои се блиски во однос на причината и ефектот, кои често предизвикуваат суеверно однесување. Не треба да дозволите ова да ви влијае и да настане збунувачка ситуација помеѓу поврзаноста и причините за случување на одреден настан.

3. Црвена харинга

Намерна  диверзија на тематиката, чија цел е да ве оттргне од главните заклучоци. Името доаѓа од примерот кога харинга му се фрла на куче за да го оттргне од одредено место или активност.
Користете ја својата свесност за да бидете присутни во сегашноста и да си овозможите лична слобода, а не да потпаѓате под туѓите влијанија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот