X
 30.07.2018 Живот

Писмо на една наставничка до нејзините ученици: „Новото не вреди колку старото, вреди помалку бидејќи ништо не сте вложиле во него“

Писмото на наставничката Дубравка Матов што им го напишала на нејзините ученици од шесто одделение за крајот на училишната година  учениците ќе го паметат целиот живот.

-Децата се родени за еден подобар свет, пред сѐ оној во кој возрасните имаат подобар ракопис. Во тој случај, добивте вистинско старомодно писмо, а не оваа компјутерска верзија. Притоа, возрасните би требало да се совршени, за да служат за пример, бидејќи кога ќе се собере сѐ што сакаат од вас и што во вас гледаат секој поединечен наставник и родител - секој од вас би бил совршен. За среќа, некои возрасни или некои карактеристики на возрасни, можат да ви послужат како пример како не треба да постапувате.

Мои ученици, треба да знаете дека новото не вреди колку старото. Вреди помалку, бидејќи не сте вложиле во него. Читајте за „Малиот принц“, неговата ружа и лисицата и ќе сфатите дека во вас има многу простор.

Ширете го вашето внатрешно суштество, простувајте си себеси и на другите и бидете уверени дека она што го правите сега е подеднакво важно како и она што го прават возрасните. Сега, кога сте на чекор до светот на возрасните, детството ќе ви летне брзо и бурно, а вашата задача е да се дружите, растете, учите, заљубувате, поддржувате, мислите добро за себеси и другите, да создавате убави сеќавања и да фаќате спомени како пеперутки.

Ви честитам на успехот што сте го реализирале. Имате конкретни причини да бидете горди на себеси. Сетете се само на тешкотиите, проблемите, животните факти што ве изненадиле, а кои победнички сте ги пребродиле.

Ви благодарам што ве нарекува мое одделение. Фала ви на калориите што ми помогнавте да ги согорам мотивирајќи ме упорно да повторувам едни исти совети и правила на однесување, обврзувајќи ме во тоа да бидам креативна!
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот