X
 30.07.2019 Живот

Колку потрошила кралицата минатата година?

Британската кралица Елизабета минатата година потрошила 47,4 милиони фунти на кралски персонал, одржување на домаќинството, патувања и останати работи.

Но, популарноста на кралското семејство е англиски бренд, и благодарение на тој бренд добро заработува и државата.

Во 2017 година, било пресметано дека кралското семејство придонело за британската економија со 1,8 милијарди фунти, вклучувајќи 550 милиони фунти од туризмот.

Но, кралското домаќинство е скапо за одржување и кралицата Елизабета не штеди на себе. Еден од главните извори на приходи за семејството се државните грантови.

kralica
Фото: N.N.

Со нив се финансираат кралските службени должности, вклучувајќи патувања, забави и одржување на палатата. Тој се финансира со профитот од недвижнини вредни 13 милијарди фунти, наречени „Crown Estate“, што е технички во сопствеништво на владејачкиот монарх.

Но, кралското семејство не го задржува целиот профит од тие приходи, бидејќи тој прво оди во државната каса, која потоа му исплаќа на семејството преку тој државен грант.

Следната деценија, секоја година кралицата ќе прима 25 отсто од профитот од кралската добивка на имотот, што претставува зголемување од 15 отсто од износот што го добила порано, а оваа година ќе изнесува околу 82 милиони фунти.

Ова зголемување најмногу ќе оди за реконструкција на Бакингемската палата.

Ако тие пари се распределат на повеќе од 66 милиони Британци, тоа значи дека кралското семејство ќе чини малку повеќе од фунта по глава на жител.

Ова не се сите пари што кралицата ги добива и ги има - да се пресмета нејзиното богатство не е лесно, бидејќи таа не е обврзана да ги открие своите приватни сметки.

Неодамнешната проценка вели дека таа вреди околу 370 милиони фунти, односно половина милијарда долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот