X
 30.07.2019 Наука

Немаме повеќе 12 години за спасување на планетата, имаме само 18 месеци!

Сега, се чини дека постои зголемен консензус дека следните 18 месеци ќе бидат критични во справувањето со глобалната затоплувачка криза, меѓу другите предизвици за животната средина.

Минатата година, Меѓувладиниот панел за климатски промени објави дека за да се задржи порастот на глобалните температури под 1,5 степен овој век, емисиите на јаглероден диоксид ќе треба да се намалат за 45 отсто до 2030 година.

Но денес, научниците велат дека одлучувачките, политички чекори за да се овозможи намалувањето на јаглерод ќе мора да се случат пред крајот на идната година

Идејата дека 2020 година е краен рок е на врвните климатски научници во светот.

- Климатската математика е брутално јасна: Додека светот не може да биде излечен во наредните неколку години, може да биде фатално повреден од небрежност до 2020 година - рече Ханс Јоахим Шелџубер, основач и директор на Климатскиот институт „Потсдам“.

Чувството дека крајот на следната година е последната шанса за климатските промени, станува сè појасно.

- Цврсто верувам дека следните 18 месеци ќе одлучат за нашата способност да ги задржиме климатските промени на одржливо ниво и да ја вратиме рамнотежата на природата до ниво што е потребно за нашиот опстанок - изјави принцот Чарлс.

Зошто следните 18 месеци се толку важни?

Уште од потпишувањето на глобалниот договор за климата во Париз во декември 2015 година, преговарачите дискутираа за правилникот за договорот.

Но, според условите на договорот, земјите исто така ветија дека ќе ги подобрат своите планови за намалување на јаглерод до крајот на следната година. Еден од плановите беше глобалните емисии на јаглероден диоксид мора да го достигнат врвот до 2020 година за да ја одржат планетата под 1,5 степени. Сегашните планови не се доволно силни за да се одржат температурите под т.н.безбедна граница.

Кои се чекорите?


Првиот голем настан ќе биде специјалниот самит за климата повикан од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутјерес, што ќе се одржи во Њујорк на 23 септември. Гутјерес беше јасен дека сака приклучување на земјите во Он само ако можат да дадат значајни понуди за подобрување на нивните национални планови за намалување на јаглеродот.

По овој настан, ќе се одржи и „COP25“ во Сантијаго, Чиле, каде најважното достигнување ќе биде процесот да се движи напред.

Позитивни случувања

greta
Фото: Getty Images


Без разлика дали се доказите за топлотните бранови или влијанието на Швеѓанката Грета Тунберг или порастот на „Бунтот за истребување“, забележана е значителна промена во јавниот интерес во приказните за климатските промени и глад за решенија.

Луѓето бараат значителни акции, а политичарите во многу земји се разбудија и почнаа да делуваат.

Некои земји како Велика Британија отидоа чекор понатаму и донесоа закони за нулта емисии до 2050 година, долгорочна цел што ќе ги намали температурите.

Причини поради кои треба се плашиме

rizik
Фото: BBC

Со исклучителен тајминг, САД би можеле да се повлечат од Парискиот договор. Но, ако Трамп не победи на претседателските избори, таа позиција може да се промени со демократски победник, кој веројатно ќе ја промени одлуката.

Сега, голем број земји сакаат да го забават напредокот. Минатиот декември, САД, Саудиска Арабија, Кувајт и Русија го блокираа специјалниот извештај Ај-пи-си-си за 1,5 степен од разговорите на ОН.

Не е сè во климатските промени

Иако одлуките донесени за климатските промени во наредната година ќе бидат критични, постојат голем број на други клучни настани за животната средина што ќе ја обликуваат природата за зачувување на видовите и заштита на океаните во нареедните децении.

Наредната година, владите ќе се состанат во Кина за да се обидат да постигнат договор што ќе ги штити сите видови.

Конвенцијата за биолошка разновидност е тело на ОН што има задача да состави план за заштита на природата до 2030 година.

Следната средба може да биде момент како Парискиот договор за природниот свет. Ако се најде договор, веројатно ќе стави акцент на одржливо земјоделство и риболов. Ќе повика поголема заштита на видовите и ограничување на уништувањето на шумите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука