X
 30.07.2019 Живот

Поднесена тужба поради загадување по пожарот во катедралата Нотр Дам

Француското здружение „Робин Худ“, кое претходно предупреди на можноста од загадување од олово по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз, поднесе тужба против непознат сторител поради можноста од загрозување на здравјето.

Здружението по пожарот во април предупреди на санитарна опасност, бидејќи во под покривот на познатата катедрала изгоре речиси 400 тони олово, кое подоцна падна на површината и се прошири во облик на прашина внатре и околу објектот.

Организацијата смета дека властите не преземале соодветни мерки неопходни за соочување со опасностите на кои можат да бидат изложени работниците на градилиштето и станарите во околните згради.

Според наводите на информативната интернет-страница „Медијапар“, концентрацијата на олово е околу 800 пати поголема од дозволеното.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот