X
 30.07.2019 Живот

Жените и понатаму го извршуваат поголемиот дел од обврските во домаќинството

Жените и понатаму ги извршуваат повеќето обврски во домаќинството кога живеат со нивниот партнер, открива новото истражување.

Според анализата спроведена од Универзитетскиот колеџ во Лондон, родовите норми остануваа силни кога станува збор за обврските во домаќинството.

Истражувачите ги анализирале податоците од повеќе од 8.500 хетеросексуални двојки. Тие откриле дека жените поминуваат 16 часа во неделата извршувајќи ги обврските во домот, додека мажите само шест.

Кога и двајцата сопружници имаат полно работно време, жените имале пет пати поголема веројатност да трошат најмалку 20 часа неделно извршувајќи ги обврските низ домот. Девојките што се оценувале во истражувањето биле поделени во осум одделни групи во зависност од нивните професии.

Овие групи опфаќале двојки во кои и двајцата заработувале, двојки во кои мажите биле доминантни заработувачи, а жените го извршувале поголемиот дел од обврските.

- Групата во која жената повеќе заработува беше единствената група во која машкиот придонес за домаќинството беше сличен на оној на нивните партнерки и оваа група имаше највисок процент на жени со образовни квалификации повисоки од оние на нивните партнери - пишуваат истражувачите.

Истражувачите заклучиле дека нивното истражување сугерира дека родовата еднаквост во поделбите на работа меѓу модерните двојки се ретки, додавајќи дека родовите норми остануваат сили.

- Промената на ставовите околу родовите норми е една можност за поттикнување на промени во оваа област - вели професорката Ана Мекум, водечки истражувач.

Истражувањето, спроведено од тим од Лондонската школа за економија, истражуваше како се развиваат машките ставови кон родовите стереотипи кога воспитуваат ќерка. Авторите на истражувањето заклучиле дека мажите стануваат свесни за предизвиците со кои девојчињата можат да се соочат кога растат, кога имаат ќерки.

- Тие од прва рака ги доживуваат сите проблеми што постојат во женскиот свет, а потоа тие во основа ги ублажуваат своите ставови кон родовите норми и стануваат поблиски до гледањето на целата слика од женска перспектива - вели д-р Џоан Костаи Фрон, коавтор на истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот