X
 30.07.2020 Образование

Уште два дена да аплицирате за ваучерите од 30.000 денари – „М6 Едукативниот центар“ со нестереотипни програми за развој на дигитални вештини

„M6 Едукативниот центар“ претставува водечка институција за трансформации и општествен развој преку континуирано поттикнување на едукација, иновации, креативност и култура во секојдневниот и професионален живот, за индивидуи, компании и институции.

Три програми за развој на дигитални вештини нуди „М6 Едукативниот центар“ - центар за едукација и развој и е дел од групацијата M6 investments. Долгогодишното искуство ни овозможи да го согледаме пазарот, одредувајќи ги потребите на различни целни групи и во 2020 година, со нова стратегија, сѐ посилно се насочуваме кон развој на соодветни програми за обуки, консултантски услуги, работа на проекти со цел исполнување на нашата визија, а тоа е да се понудат едукативни програми со поголема вредност.

Елена Младеновска-Јеленковиќ

- Најново во понудата се три програми за развој на дигитални вештини и тоа: безбедност на сајбер мрежите, дигитален маркетинг и AutoCAD. Креиравме нестереотипна понуда преку која целиме на учесниците да им го развиеме практичното знаење за темите во чија област има голема побарувачка за стручен кадар – вели Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на „М6 Едукативниот центар“.

Нашата цел е да овозможиме теоретска обука, како и работа на реални проекти кои ќе ги подготват учесниците за работа во реалниот сектор и ќе им отворат врати кон нова или подобра кариера. Затоа, листата на предавачи содржи експерти од соодветното поле, луѓе кои се од компании кои се лидери во својата област во Македонија и пошироко, кои во рамки на своето богато професионално искуство оствариле соработка со познати компании (The Coca-Cola Company, Heineken, Тиквеш, Телеком, Банки, Pandora, L’Oreal, Porsche и слично). Обуките се креирани на начин на кој посетителите имаат директен контакт со потенцијални работодавачи и идни соработници. Веруваме дека ова навистина ќе ги доближи учесниците до рeaлните практики во полињата на кои се донесуваат обуките, заедно со силниот фокус на работа на секојдневни проекти.



Обуките се наменети за сите заинтересирани да ги надградат своите знаења и вештини. Поволност за младите што ќе се одлучат да ги посетуваат е што се достапни со ваучер за развој на дигитални вештини кај младите што го издаваат Министерството за образование и наука (МОН) и Министерството за информатичко општество и администрација. Со ваучерот, младите на возраст помеѓу 18 и 29 години ја имаат можноста да добијат до 50% попуст на обуката, или најмногу 30.000 денари. Почетокот на обуките е предвиден за септември, и ќе бидат закажани во согласност со бројот на запишани посетители, и во координација со истите.



Сите посетители на обуките во „М6 Едукативниот центар“ ќе добијат дополнителна вредност/бесплатна обука за вино од страна на Wine educator, школата за вино на „Тиквеш“.

Првата обука која ја нудиме е во полето на Networks and Cyber Security, развиена и имплементирана во соработка со „Кабтел“. Како лидери во индустријата, тие ни го посочија проблемот настанат од присуството на голем број ИКТ инженери, отежнато од отсуството на системски администратори и архитекти на сајбер безбедносни мрежи.
Втората обука која ја нудиме е дигитален маркетинг. Со драматичните промени предизвикани од пандемијата, многу бизниси се соочија со недостаток на канал за промоција, па дури и продажба, на своите производи и услуги. Практичната обука цели да ги оспособи учесниците да преземат контрола врз својот бизнис, и стручно да го навигираат полето на дигитализацијата на пазарот.
Третата обука е всушност графичка артикулација преку изучување на апликацијата AutoCAD. Иако понекогаш изучувана на факултет, многумина заминуваат со диплома и неутврдено, тесноопфато знаење. Нашата цел е да ги прошириме вештините на учесниците преку работата на реални проекти и области: проектирање на градба, дизајн на ентериер, проектирање на електрика, машинство, системи на греење и разладување, осветлување итн.



Веруваме дека нашата несекојдневна понуда, која скоро целосно го врти фокусот кон практика и примена, ќе доближи многумина кон своите кариерни цели, и кон најбараните вештини на пазарот на трудот.
Кратко е времето за аплицирање, до крајот на јули, но ги повикуваме сите, а особено младите да аплицираат на страницата на МОН и да одберат некоја од нашите обуки.
Повеќе информации се достапни на нашата веб страница и социјалните медиуми.

Комерцијална објава

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование