X
 30.08.2018 Образование

„Талкаме со инклузијата, а првачиња со аутизам добиваат потврда од матичен дека се со уреден психофизички развој“, вели наставникот Иле Михајловски

Македонија повеќе од 20 години талка со поимот инклузија. Се копираат одредени инклузивни модели од странство, но конкретен закон за инклузија нема. Не постојат статистички податоци колку деца со аутистичен спектар на однесување се исклучени од образовниот процес. Од друга страна, во многу училишта има деца кои се запишуваат без никаков документ за нивната состојба, напротив, родителите носат документ издаден од матичните лекари кој потврдува дека се со уреден психофизички развој за запишување во училиште.

Тоа е контрадикторно, вели за Деца.мк Иле Михајловски, наставник во училиштето „Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Тој веќе две децении работи со луѓе со посебни потреби, а во последните пет години имаше и ученик кој успешно го спроведе низ првите пет одделенија од основното образование. Со него разговараме за инклузијата, за подготвеноста на наставниците да работат со овие деца во првите години од образовниот процес, за предизвиците со кои се соочуваат училиштата и нашето општество.

Разговорот со наставникот прочитајте го на ОВОЈ ЛИНК
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование