X
 30.08.2021 Образование

Момчињата и девојките нема да може заедно да студираат во Авганистан

Талибанците најавиле забрана на заедничкото образование на мажите и жените.

Зиар Кан Јаад, новинар во авганистанскиот информативен канал „Толо њуз“, изјавил дека в.д. министерот за образование најавил дека момчињата и девојките повеќе нема да може заедно да одат на универзитетите и ќе продолжат да учат во одвоени одделенија, соодветно на исламскиот закон.

Независниот новинар Башир Ахмад Гвак објавил на „Твитер“ дека талибанскиот министер за високо образование службено им забранил на мажите да им предаваат на жени. Ова би можело да го отежни пристапот до високо образование за девојките бидејќи универзитетите нема да имаат доволно капацитет, односно човечки ресурси да ги почитуваат новите мерки.



Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан, светската јавност е загрижена дека на жените и девојките во земјата ќе им бидат ускратени правата за работа и образование, како што било случај за време на претходното владеење на талибанците.

Извор: Klix
Фото: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование