X
 30.09.2018 Технологија

Еве како најлесно да откриете дали вашиот фејсбук-профил бил хакиран и што треба да направите веднаш

„Фејсбук“ објави дека скоро 90 милиони профили на оваа социјална мрежа биле хакирани откако некој успеал да го пробие безбедносниот ѕид. Иако од компанијата тврдат дека овој проблем сега е решен, никој со сигурност не може да каже дали податоците на корисниците се безбедни.

Еве како да проверите дали вашиот профил бил хакиран и што морате да направите ако бил.

Ако и вашиот профил е меѓу хакираните, од вас ќе биде побарано повторно да се логирате на „Фејсбук“ и на секоја друга апликација што го користи логирањето на „Фејсбук“. Кога повторно ќе се логирате, ќе добиете известување на врвот на „Њуз фид“ кое објаснува што се случило.

фејсбук

Што да направите ако вашиот профил е хакиран?


Ако мислите дека вашиот профил е хакиран или некој го презел, тогаш треба да ја посетите оваа страница за да го заштитите.

Ако профилот ви е хакиран, тогаш ќе ги забележите овие работи:

- Мејлот или шифрата ви се променети
- Името или датумот на вашето раѓање се променети
- Испратено е барање за пријателство на луѓе што не ги знаете
- Од вашиот профил се испратени пораки што не сте ги напишале вие
- Објавени се постови што не сте ги создале вие
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија