X
 30.09.2022 Живот

Овој музички хит им е омилен на психопатите

Многу луѓе имаат омилен жанр на музика, но постојат песни што сите ги знаеме. Едно истражување открило интересен детаљ за една позната песна од американскиот рапер Еминем која сите ја знаеме.

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Њујорк открило дека таа песна е особено популарна помеѓу психопатите. Истражувањето било спроведено во 2017 година, а во него учествувале 200 лица кои пополнувале формулар за нивната психолошка состојба.

Испитаниците добиле и листа со 260 песни за слушање и оценување, а се покажало дека оние што имале најмногу карактеристики на психопати почесто ја сакале песната „Lose yourself“ на Еминем. Песната, која излегла пред повеќе од 20 години, опишува дел од животот на пејачот, а нејзиниот текст се смета за инспиративен и мотивирачки. До денес, песната била прегледана над милијарда пати на „Јутјуб“.


Според авторот на истражувањето, Паскал Валиш, многумина ги замислуваат психопатите како сериски убијци, но тие всушност не се толку очигледни и лесни за препознавање.

На листата со песни што им се допаѓаат на психопатите се и „No diggity“ на „Блекстрит“ и „What do you mean?“ од Џастин Бибер.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот