X
 30.10.2018 Технологија

„Фејсбук“ сака да ни покаже дека нѐ штити. Еве како...

Најголемата социјална мрежа во светот - „Фејсбук“ е во потрага по компанија што се занимава со компјутерска безбедност, која би можела да ја преземе за да дојде до надарени работници и на јавноста да ѝ докаже дека се труди да ги заштити корисниците.

Од „Фејсбук“ досега контактирале повеќе компании, а работата би можела да биде завршена до крајот на оваа година.

заштита

Потрагата на „Фејсбук“ се чини дека е водена и од желбата да ги зајакне своите безбедносни способности и да ја поправи својата репутација во врска со приватноста на податоците во последниве месеци.

Џим Зуфолети, извршен директор на „Сејфгард сајбер“, вели дека безбедносните приоритети на „Фејсбук“ во моментов се поврзани со решавање безбедносни проблеми што влијаат врз корисниците на оваа социјална мрежа.

- Истовремено, „Фејсбук“ треба да охрабри екосистем на безбедносни компании што можат да соработуваат со „Фејсбук“ за заштита на корисниците и рекламните компании. Тоа ќе му овозможи на „Фејсбук“ да поттикне динамичен екосистем на компании со кои можат да соработуваат за да ги заштитат социјалната мрежа, корисниците и рекламните компании - додава Зуфолети.

Пред помалку од еден месец од „Фејсбук“ пристигна признание дека хакерите украле токени со кои успеале да влезат во 30 милиони кориснички профили, што овозможило пристап до податоците на тие профили.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија