X
 30.10.2018 Живот

Закинтос се поместил 3 сантиметри по земјотресот

Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку 3 сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот.

- Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус - изјави за грчката агенција АНА, директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас.

Поместувањето е претежно уочено на хоризонтално ниво, додека вертикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот