X
 30.10.2019 Живот

Мапа на НАСА покажува дека Западна Македонија гори во моментов

Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) има интерактивна мапа на која може да се видат сите активни пожари во светот. Опремата што ја поседува вселенската агенција овозможува будно следење и ажурирање на податоците и вметнување на точките на жариштата.

Мапата има многу алатки, па можете да следите каква е состојбата денес, каква била во изминатите 7 дена или во период кој вие ќе го одредите.

Ние ја погледнавме ситуацијата денес и она што веднаш паѓа в очи е поставеноста на црвените точки. Речиси сите активни пожари се во западниот дел од Македонија, и тоа најмногу во Полошкиот Регион, а само два се во Источна Македонија.

Фото: FIRMS (printscreen)

Ако сакате да ја следите ситуацијата, кликнете ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот