X
 30.10.2019 Наука

Науката докажа: Жените што се многу гласни живеат подолго и се посреќни

Борбата со емоциите е една од најтешките и најдолгите - трае речиси цел живот, а некои луѓе со неа се соочуваат секој ден. Некогаш ги задушуваме, некогаш молчиме, ги смируваме само за да зачуваме убави односи или хармонија во домот.

Но, она што поефикасно би ни ги зачувало односите е да се отвориме и да кажеме што мислиме. Тоа ќе ни помогне да го зачуваме нашето здравје бидејќи неутрализирањето на емоциите го нарушува.

Жените се оние што почесто одлучуваат да молчат и да го „изгаснат“ огнот во себе, но денес ни гласните жени не се редок случај како што било некогаш.

Северноамериканското друштво за менопауза спровело истражување во кое оценувало 304 омажени жени што биле близу или во менопауза. Тие доставувале извештаи за одредени чувства за ставањето на потребите на некоја личност пред сопствените, како што е премолчување, за да се избегне уништување на односите. Овој вид однесување подоцна научниците го поврзале со зголемување на нивото на холестерол, депресија и дебелина.

vikanje
Фото: Rawpixel


Премолчување
- Премолчувањето обично го прават луѓето што се плашат да ги изразат своите емоции и своето мислење. Тие, всушност, се плашат дека она што ќе го кажат ќе ги повреди блиските луѓе и ќе ги уништи односите со семејството, пријателите и колегите. Тие избираат тишина бидејќи не сакаат да се расправаат, но не сфаќаат колку тоа е добро за нив поради две причини - жените што се гласни го кажуваат она што го мислат, па отвораат можност да го добијат она што го сакаат, а истовремено ги исфрлаат стресот и емоциите што се насобрале во нив.

Повеќе викање, помалку стрес
- Викањето е еден од најдобрите начини да ги исфрлите негативните емоции, стресот и фрустрациите од вашето тело. Познато е дека хроничниот стрес е причина за многу негативни емоции, па логично е дека жените што низ викање ги исфрлаат се многу поздрави.

Физичките последици од скривањето на емоциите
- „Фасадата“ на радоста не значи дека и во душата се случува истото. Најчесто ја користат луѓето што се плашат од одбивање, а се јавува и кај мажите и кај жените. Сепак, во моментот кога со сите сили се трудите да покажете дека сè е во ред, а во себе практично умирате, притисокот и нивото на шеќер растат.

Ако ова е хронична појава, ризикот од кардиоваскуларни заболувања значително се зголемува.

Изразете ги емоциите на здрав начин - Иако повишувањето на гласот е одличен начин да се ослободите од негативните емоции, не треба да кажувате баш сè што ќе ви падне на памет или да врескате по цел ден бидејќи така може да ги избркате блиските луѓе од себе.

Колку што е важно да ги исфрлите негативноста и стресот, толку е важна и почитта - кон себеси и кон другиот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука