X
 30.10.2020 Образование

Царовска: Да им се исплатат прекувремените часови на наставниците

Училиштата што имаат доказ за надминување на часовите, согласно Законот за работни односи, треба да ги исплатат прекувремените работни часови, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска откако Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) побара директорите на основните училишта да им ги исплатат прекувремените работни часови на наставниците.

- Тоа треба да си го решат локалната единица на Синдикатот и директорот на училиштето. Ве уверувам дека нема голем број училишта каде што имаме надминувања на бројот на часови – рече Царовска.

Таа додаде дека МОН овој месец упатило писмо до сите училишта и до Државниот просветен инспекторат за можностите што му се нудат на секое училиште во случај да има потреба од дополнителен кадар или дополнително ангажирање на постојниот кадар.

Царовска рече дека според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19, а тоа не е ниту 1% кај учениците и наставниците.

- Тоа значи дека нема ширење на зараза во училиштата. Сè додека не се создадат услови за затворање, ние би останале на овој модел. Има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да одржуваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение - рече Царовска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование